
Влез за Пастрмалијада 2025 во Штип нема да се наплаќа, потврди Општината.
Дезинформација е дека за Пастрмалијдата во Штип и концертот на Дино Мерлин ќе се наплаќа влез, порачаа надлежните.
Влез за концертот на Дино Мерлин во Штип нема да се наплаќа исто како и за сите други предвидени активности во склоп на Пастрмајлијадата, потврдуваат од општина Штип.
„Дезинформација е дека ќе се наплаќа влез за Пастрмалијдата во Штип и концертот на Дино Мерлин, како и другите настапи кои ќе се организираат. Влезот е слободен за сите.“ потенцираат од Општина Штип.
Ова е програмата за дводневната манифестација:
