Сите обожаваме овошје, но тоа е еден од најголемите предизвикувачи на мигрена

Точните причини за мигрената и понатаму остануваат непознати, иако медицината со години се занимава со овој проблем. 

Ужасната главоболка поради која видот ни е заматен, а стануваме пречувствителни на мириси, звуци или промена на време, многу често е предизвикана токму од одредени овошја. 

Според магазинот „Eat This, Not That“, детектирани се барем девет овошки кои се поврзани со поизразени симптоми на мигрена, меѓу кои најчеста е лубеницата, без која не може да се замисли летото. Потоа маракуја, портокал, ананас, грозје, јагоди, вишна, банана, а од зеленчуците најчест причинител е краставицата, која има слични биолошки карактеристики како и лубеницата. 

Многу луѓе пријавиле дека особен „тригер“ се цитрусните овошја, но и сирењето и сувомесните производи, како и најразличните зачинети преливи, како и јајца во каков било облик. Од друга страна пак, иако здравствените состојби полесно се третираат со помош на здрава храна, кај мигрените ситуацијата е сосема поинаква и често може да се контролира со помош на кафе, чоколадо или пак мрсна и калорична храна. 

Ситуацијата ја отежнува и фактот што речиси сите луѓе кои страдаат од мигрени имаат различни симптоми и различни ефикасни начини на справување со нив.