Сите новородени бебиња во зоолошката градина се живи, здрави и весели

Иако деновиве нема посетители поради рестриктивните мерки за корона вирусот, животот е убав во Скопската зоолошка градина, а најдобар показател за тоа е што таму има неколку принови. Бебе доби кенгурчето Пикси.

Од Скопје ЗОО преку Фејсбук информираа дека малото полека почнало да излегува од торбата на мајката во која поминува од неколку месеци до година и половина.

Принова имаа и гуските, чие мало се камуфлираше во тревата. Најслатки се чини сепак се новата банда мини прасиња а тука секако е и коњчето со белег на ѕвезда на челото. .