Сите ние сме само луѓе од крв и месо...

Оскар Вајлд еднаш има кажано: „Секој светец има минато и секој грешник има иднина.“

И ова е многу вистинита приказна, затоа што на овој свет, сите сме само обични луѓе од крв и месо. Сите сме направиле работи кои можеби денес не би ги повториле. Со знаењето кое го имаме денес.

Прифатете дека и вие сте само човек и продолжете понатаму. Дојдено е време да си простиме на себеси и да се ослободиме од огорченоста. Тоа што било – поминало. Секогаш имаме избор да бидеме подобри.

Сите работи кои сме ги направиле и со кои не се гордееме, да ги прифатиме како такви. Кога ќе најдеме мир и ќе ги прифатиме, на тој начин се прифаќаме себеси.

Не е важно што сме направиле, тоа поминало. Важно е искуството кое сме го стекнале, лекциите кои сме ги научиле, па потоа потоа да тргнеме да правиме подобри работи. Со работа на себе, ние стануваме подобри.

Не се осудувајте, само тргнете напред. Чекор по чекор. Сѐ тоа е во ред.

А луѓето? Луѓето кои сѐ уште ви го спомнуваат вашето минато и вие се чувствувате лошо поради тоа, дали навистина мислите дека се ваши луѓе? Кога не ви даваат да продолжите понатаму? Ако не ви даваат да продолжите понатаму, морате да продолжите напред без нив.