Сите ние сме полни со скриени вистини, тајни и стравови...

Сите ние сме обвиени со вел на тајни, преполни со неоткриени вистини, убавина и стравови. Често и за самите себеси сме нешто непознато и забораваме дека решението за сите работи лежи во нас. Сè што е потребно е да нурнеме малку под површината, но често се плашиме од она што ќе го најдеме под тоа. Од тој страв го одложуваме соочувањето со себеси, затоа што секогаш мислиме дека има и поважни работи, иако нема. 

Секој од нас има нешто или некого што премолчува и не збори за тоа со никого. Секој од нас има нешто што му го обележало животот и го натерало да побегне од самиот себе, за потоа со години да се труди да се пронајде. А се баравме насекаде, само не онаму каде што треба – внатре во себе. 

Прво што требаше да направиме е да ја препознаеме својата болка и да ја исфрлиме надвор за да можеме полесно да дишеме и да се ослободиме од товарот кој нè следи. И така со години го носиме тој товар на својот грб и се преправаме дека сме добро, а не сме. Па сосема е во ред понекогаш не бидеме океј, тоа е дел од нашиот живот, но важно е и да се биде позитивен и да се гледа позитивно на она што ни се случува во животот. Никогаш не смееме да изгубиме надеж, затоа што нас зависи нашата иднина и мораме да научиме дека работите во нашиот живот се случуваат со причина и дека мораме да учиме од нив за да продолжиме понатаму. Мораме да го пројдеме и доброто и лошото за да можеме да го пронајдеме своето место. 

Мораме да бидеме одговорни за она што го мислиме, правиме и чувствуваме. Тоа не е нешто што можеме да го научиме преку ноќ, тоа е долг процес за кој понекогаш се потребни години работа на себе. Најважно е да не се откажете и да се трудите затоа што секој нов ден е нова шанса да научите нешто и да си помогнете самите на себе. 

Сето она што досега ве спречувало претворете го во победа и инспирација. Тие работи нека ви бидат извор кој ви е испратен со причина за да ве научи нешто. Дури тогаш цврсто ќе стоите на вашите нозе и ќе бидете подготвени за сето она што доаѓа.