Сите карактеристики на мажот роден во Близнаци

Според астрологијата, Близнаците се родени во периодот меѓу 21 мај и 20 јуни.

Луѓето родени во овој знак се управувани од Меркур, планетата на комуникацијата и важат за најкомуникативниот и најдружељубивиот знак во хороскопот. 

Мажот роден во овој знак е екстровертен и секогаш подготвен за нешто ново и возбудливо. Често прави повеќе работи истовремено и е заинтересиран за повеќе нешта во исто време. Секогаш е подготвен за нови предизвици, а знае да биде и прилично конкурентски настроен.

Тој е мудар, паметен и секогаш размислува стратешки. Одличен е за совети, но не секогаш подготвен или заинтересиран за тоа. За него е полесно да слуша, отколку да зборува за себе, особено за своите чувства. Во еден момент може да биде среќен и расположен,  а потоа како темен облак. Луѓето кои познаваат маж роден во овој знак ќе кажат дека често тие се неконзистентни и неодлучни. Тоа се должи на нивната двојна природа. 

Добри страни

Овој маж е флексибилен и лесно е да се комуницира со него. Тој живее во сегашноста, исто како и жената Близнаци и не размислува назад за минатото. Забавен е интересен и е еден од мажите со најголема смисла за хумор во хороскопот. Тој има неверојатна способност брзо да решава проблеми и постојано има нови идеи кои се успешни. Не сака да чека на другите, туку брзо и вешто се движи низ предизвиците и затоа е ценет од сите околу него. Тој не влегува така лесно во конфликти, а кога тоа ќе се случи, брзо ги решава работите бидејќи не сака лоша енергија околу себе. Не дозволува другите да се однесуваат лошо кон него бидејќи секогаш има отворен и искрен пристап. Тој не бара почит од другите, туку смета дека едноставно ја заслужува. 

Лоши страни

Некои од неговите лоши страни се поврзани со тоа што често делува како да е нелојален во врските и пријателствата, бидејќи е дружељубив и има многу опции. Знае да биде и нестабилен, неодлучен, а и да ви откаже во последен момент. Мажите родени во овој знак имаат навика да ги завршат врските и пријателствата без никаква најава, по што другата страна често се прашува што се случило. Иако тој има своја вистина, нема да зборува за тоа и едноставно ќе продолжи со својот живот.

Некогаш е тешко да ги разберете поради нивната двојна природа бидејќи едно прават, а друго зборуваат. 

Каков е во љубовта?

Во љубовта, тој сака да освојува. Тој не сака само убава и згодна девојка, туку некој со кој може да тргне во нови предизвици, да разговара на своите омилени теми, да ги гледа своите омилени филмови. Потребно му е постојано да постојат предизвици и нови авантури за да се чувствува исполнет и среќен. Ако нешто не му се допаѓа, ќе си замине и нема да сака да зборува за тоа. 

Некои мажи родени во овој знак изневеруваат ако се најдат во ситуација да им стане здодевно. Тие не се тип на личност која ќе ја прекине врската, туку ќе проба различни начини да проба нешто ново и ако тоа ново е нешто подобро, тој брзо ќе си замине. Иако лесно ги изразува своите чувства и е внимателен, сепак нему му е прилично тешко да зборува за тоа како се чувствува. 

Каков е во пријателствата?

Како социјална личност, овој маж сака да минува време со своите пријатели. Има еднаков број машки и женски пријатели и често ќе го најдете како седи во некое кафуле долги саати во текот на денот. Тој дефинитивно е личност на која можете да се потпрете ако ви е потребна помош, но тоа ќе треба директно да го искомуницирате со нив. Тешко му е да ги одржи пријателствата на далечина и најлесно функционира кога ќе седне до вас. 

Тој обожава забави и големи друштва и нема проблем да запознава нови луѓе постојано. Впрочем, се полни со позитивна енергија кога е опкружен со луѓе кои се весели и интересни.