Сите имаме љубов која дошла во погрешно време

 

Сите ние некогаш сме се соочиле со љубов која дошла во погрешно време, кога сме посакале работите да се поинакви. 

Сите имаме љубов која дошла и нè направила среќни и подобри личности, а потоа заминала оставајќи ни голема празнина во животот. Сите имаме љубов која дошла и никогаш не заминала вистински. Љубов која никогаш не сме успеале да ја заборавиме, која ја носиме под својата кожа, која нè потсетува како може да се сака вистински.

 

Точно знаеме како изгледа оваа љубов, бидејќи ни понудила рака да ја запознаеме, но не можела да остане со нас. 

Не било вистинско време, не било вистинско место. Само можеби вистинската личност.

Сите имаме љубов која ја чекаме пак и пак, од почеток. На која и се надеваме и по која копнееме.

Сите имаме љубов која ја немаме.