Сите имаме демони од кои се трудиме да избегаме

Некои денови, станувањето наутро изгледа како да ја водиме најтешката борба.

Се чувствуваме уморно, истоштено, тажно, безживотно. Понекогаш ја знаеме вистинската причина за тоа, а често пак едноставно уморни сме од светот.

Голем дел од нас не го покажуваат ваквото лице пред останатите. Се погледнуваме во огледало, ставаме шминка, се насмевнуваме и се облекуваме убаво и потоа го почнуваме денот. Колку и да изгледа тешко и колку да ја носиме таа тешкотија во текот на денот, не покажуваме како се чувствуваме.

Си велиме: таков е живот, другите нема да сфатат дури и да им кажеме.

Веројатно сме во право, но треба да знаеме дека не сме единствените кои ја водат таквата битка. Менталното здравје е нарушено за многумина, особено околу пандемијата со коронавирусот и секој од нас на различен начин се справува со своите демони, но секој од нас се бори со нив. 

Сите се трудиме да се бориме со тие демони на различен начин. Многумина се враќаат од работа или училиште, со огромен замор и потреба да се склопчат под ќебето и да молчат. Голем дел од нас одат на спиење со нервоза, надевајќи се дека следниот ден ќе биде поинаков, подобар.

Но, не сме сами.

Сите се бориме со демоните на различен начин. Но, вашата борба е валидна, реална и таа постои, кој и да ви зборува поинаку. Во ред е да побарате помош, да се трудите да бидете слушнати, да ја кажете својата приказна, да побарате помош. 

Секој од нас го наоѓа својот начин да се избори со тоа. Секој ден е процес, патување, битка. Не сте сами во таа борба.