Сите хаварисани и нерeгистрирани возила Град Скопје ќе ги смести во Драчево

Градоначалникот Петре Шилегов ја претвора населбата Драчево во депонија за метал, отпад на Град Скопје. Попладнево Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавните површини на територија на цело Скопје.

Ваквата одлука е проблематична имајќи предвид фактот што илјадници возила ќе завршат на една локација во населбата Драчево. Искуството од минатото говори дека во близина на ваквите депонии редовно се горат кабли и акумулатори со цел да се дојде до вредните метали кој понатаму би се препродавале.

Сите хаварасина возила од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.

Ова е уште едно во низата непромислени и избрзани решнија од страна на актуелниот градоначалник кои имаат единствено за цел во јавноста да прикажат некаква активност и работа имајќи ги во предвид сите неостварени проекти ветени во програмата на градоначалникот.