Во рамки на 52-рата седница која се одржа вчера во просториите на Универзитетот Скопје, заседаваше Советот на Општина Карпош каде се разгледуваа 46 точки кои се најдоа на дневниот ред.
Членовите на Советот се изјаснија позитивно за измените и дополнувањата на Програмата за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на Општина Карпош. Станува збор за зголемување на финансиската рамка на оваа Програма од досегашните 2.220.000 на 4.080.000 денари. Дополнителните средства ќе бидат искористени за изработка на Проценка на ризик, како и за ангажирање на стручно лице во насока на спроведување на мерките на Законот за Безбедност и здравје при работа.
Со финансиските средства се планира и набавка на нови противпожарни апарати за сите основни училишта и детски градинки на територија на Карпош, како и поставување на нова хидрантска мрежа во ООУ „Војдан Чернодрински“, информираат од општина Карпош.