Сите есенски вкусови во една тегла со џем од јаболка

Искористете ги јаболката кои ги има во големи количини за да го направите овој превкусен џем, кој содржи и вкусови на рум, бадем и цимет. 

Состојки:

1 кг јаболка
Еден лимон
500 гр шеќер
Едно пакетче желатин
Две стапчиња цимет
Две лажици рум
200 гр бадеми

Подготовка:

Јаболката излупете ги, исчистете ги од семки и исечете ги на тенки парчиња. Прелијте со сој од лимон. Бадемите потопете ги во врела зовриена вода, оставете ги неколку минути и потоа излупете ги. Потпечете ги во тава и исецкајте ги на крупни парчиња. 

Во јаболката ставете го румот, бадемите, циметот и ставете да се вари. Желатинот измешајте го со две лажици шеќер, стопете го со малку вода и додајте го во јаболката. Мешајте додека да зоврие смесата, па ставете го останатиот шеќер. 

Откако ќе зоврие, варете уште три минути и отстранувајте ја пената. Соберете го жешкиот џем во топли тегли. 

Овој џем може да се прави од какви било јаболка. Доколку користите покисели, можете да ставите повеќе шеќер, а доколку користите поблаги, можете да намалите. Бадемите можете да ги замените со лешници или пак, да искомбинирате повеќе видови јатки, за побогат вкус. Доколку сакате позачински вкус, секогаш можете да ставите и малку ѓумбир.