Сиротите цурици што сакаат мажишта, џогер во живот немаат фатено

Постојано ги слушам стариве околу мене „Не си маж ако не си бил во војска“.

Ја сум дисциплиниран и без тоа, ако сакам физичка активност или работа, имам каде тоа да го правам, не ми е потребен тој процес за да научам или стекнам одредени особини.Ама ете, останало нешто од социјализмот, а тоа е идење во војска.

На времето медицинските тестови што ги поминувале во војска биле доказ дека е мажот здрав и прав, затоа се вика ако не си бил во војска не си маж.

И кога сме кај оцрнувањето на машкиот пол, ја се согласувам со тезата дека сме омекнале, ама тоа си е нормален процес, се менуваат општествата, се менува начинот на живот.

Ако ги гледаме така работите многу помалку денешни женски знаат да зготват нешто основно (зелник, некој ручек), отколку мажи што "имаат сила".

А, мајка ти, односно мајките наши куќеа куќа. Навистина е тешко да се сфати, ама беа домаќинки. Денес звучи по малку тажно можеби, а некои го дочекуваат и потсмешливо, ама не е. За восхит е.

Пред да се каже дека маживе се дно-дна би било убаво да се погледни кон припадничките на женски пол, е така ќе сфатиш дека сиротите цурици што сакаат мажишта, џогер во живот немаат фатено, не знаат машина за перење да вклучат.