СИРОМАШТИЈА: 450 илјади луѓе во Македонија живеат со помалку од 6.500 денари месечно

Врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, Државниот завод за статистика во 2017 година ги пресмета лаекен индикаторите за сиромаштија за 2016 година.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. 

453 илјади луѓе во земјава живеат во сиромаштија, со помалку од 6.500 денари месечно- покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Семејствата со три и повеќе деца се во поголем ризик.Според дефинитивните податоци, во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21,9 отсто. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 20,2 отсто или 453.000 лица. 

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,1 отсто. Коефициентот „Gini“ (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,6 отсто.