Синот на Данило Коцевски со реакција: Мојот татко го даде срцето за Скопје, но никој не најде за згодно да му даде признание

Данило Коцевски е познат македонски книжен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет.  Во својот живот голем број од делата ги напишал за главниот град. Вистински вљубеник во Скопје кој голем дел од животот посветил на македонската метропола.  Тој почината минатата година на 73 годишна возраст.

Веројатно сите ние многу брзо и лесно го заборавивме, а најмногу политичари и раководството на градската администрација. На оваа тема вчера на социјалните мрежи со објава се огласи синот на Данило Коцевски кој реагираше за фактот дека никој до сега не нашол за згодно да му даде било какво признание на неговиот труд.

„Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот.“, напиша Огнен Коцевски во својата објава во фејсбук групата на старите скопјани.

Неговите зборови предизвикаа поддршка, лавина реакции и осуда за градската администрација за овој потег.

Posted by Скопје - Skopje on Wednesday, February 17, 2021