Синот на Аки Рахимовски го посети Крушево и гробот на Тоше

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски беа во посета на спомен куќата „Тодор Проески“.

- Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни - напиша градоначалникот на Крушево и додаде:

„Ја искористив приликата да иницирам до министерката за култура 25-ти јануари да стане Ден на хуманоста на национално ниво. При посетата на галеријата Никола Мартиновски разговараваме за тековните проекти, тековните проблеми, а во галеријата ќе се вратат две слики од уметникот кои претходно биле отстранети. Заедно со министерката за култура се согласивме дека помошта од Министерството сега е многу поголема, особено за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и објектите од историско значење“.