
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода синоќа спроведе редовно третирање против комарци во општината.
„Со специјализирани возила активно дејствуваме против возрасните комарци низ сите критични подрачја во општината. Акцијата која започна во 22:00 часот ќе трае сè додека не бидат целосно опфатени сите локации, со цел заштита на граѓаните и справување со масовното размножување на комарците“, истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
Таа посочи дека оваа интервенција е дел од нивните континуирани активности и дека Општина Кисела Вода досега реализирала 3 третмани против возрасни комарци и 1 акција за сузбивање на ларви, додека Град Скопје извршиле вкупно 14 дезинсекции.
„Општина Кисела Вода континуирано ја следи состојбата на терен и ќе продолжи да постапува во насока на зачувување на јавното здравје, дејствувајќи строго координирано и според препораките на надлежните институции“, порача градоначалничката.