Синоќа пукање во Скопје - полицијата на терен

Синоќа околу 22 часот и 45 минути пријавено е дека на крстосница на улица „Софиска“ со улица „Московска“ во Скопје било пријавена вооружена пресметка.

Имено од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“.

На местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9мм.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.