
Општина Гази Баба информираше дека синоќа на терен започнале со нова вонредна акција за прскање против комарци, како дел од засилените активности за заштита на здравјето на граѓаните.
Акцијата започнала од Керамидница, по што екипите продолжиле и на други локации низ Oпштина Гази Баба.
Станува збор за координирана акција на Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, како што велат, со заедничка цел – навремено и ефикасно делување на терен.
Целта на акцијата била да се опфати што поголем простор и да се обезбеди максимален ефект од третманот.
„Кога станува збор за здравјето и безбедноста на граѓаните, мора да има брза реакција, добра координација и конкретно делување. Остануваме во постојана комуникација со надлежните институции, ја следиме состојбата и ќе продолжиме да ги преземаме сите потребни превентивни активности“, порачаа од Општина Гази Баба.