Синоќа подметнат пожар во два ресторани во Скопје

Во 04 часот утринава на заградена тераса од угостителски објект на улицата „Варшавска“  во Скопје, непознат насилник фрлил стаклено шише со запалива течност, о која биле зафатени две столици.

Полицијата денеска информира дека за среќа повредени лица во инцидентот нема.

Во исто време во ресторан на булеварот „Илинден“ непознат сторител фрлил стаклено шише со непозната запалива материја при што бил опожарен еден чаршаф. Пожарот бил изгаснат од страна на сопственикот и од обезбедувањето.

Случајот бил пријавен од страна на сопственикот на двата угостителски објекти.

Увид ќе се врши во текот на денот.