Синоќа два земјотреси ги разбудија жителите на Охрид

Граѓаните на Охридско-преспанскиот регион по полноќ беа разбудени од серија на потреси.

Според сеизмолошките станици во државата ноќеска биле регистрирани два земјотреси со умерен интензитет.

Земјотресите се случиле на период од девет минути, односно едниот бил почувствуван во 0 часот и 50 минути а вториот во 0 часот и 59 минути .

 Јачината на земјотресите била 3,2 степена според Рихтеровата скала. Едниот од земјотресите бил со епицентар помеѓу Охрид и селото Косел а другиот  со епицентар бил на 8 километри источно од селото Белчишта.

Засега не се пријавени штети од страна на граѓаните.