Синофарм е помалку ефикасна против делта сојот

 

Паралелно со замавот на четвртиот бран во кој доминантен е делта сојот се повеќе граѓани се прашуваат за ефикасноста на кинеската Синофарм кога станува збор за оваа мутација на вирусот.

Кинеската вакцина Синофарм послабо делува на делта сојот отколку на другите варијанти на корона, но тоа не значи дека не ги штити вакцинираните од тешка форма на болест или смрт.

Научниците истакнуваат дека вакцинираните со Синофарм имаат мала веројатност да завршат во болница или да умрат од новите соеви на ковид, но сепак кинеската вакцина е послаба конкретно за делта сојот.

Лабараториската студија на научниците од Шри Ланка потврдува дека нивото на антитела кај лица што примиле Синофарм е помало за 1,38 пати при заразување со делта во однос на првичната варијанта која се појави во Вухан.

Сепак Синофарм се покажала како многу успешна против другите варијатни на вирусот и во секој случај, велат стручните лица, е идеална заштита бидејќи организмот ќе го препознае непријателскиот вирус.