Сине време е работа да најдеш, на 25 години јас заработував и две деца чував

Работам веќе со години во маркет. Некогаш на каса, некогаш редам роба, мерам зеленчук... Стара сум, нозете не ме држат. Само еден слободен ден имам во неделата, едвај чекам пензија. Имам син 25 години, високо стројно момче, кое не сака да работи.

Заврши средно, почнав да го убедувам дека треба да се запише на факултет, почна да студира, па се откажа, вели тешко му било гледал да си замине во странство овде не се можеле ништо нормално да се прави, вели за сегде треба врски. И еве јас со години го издржувам му  давам пари за излегување, двојам од устата за да отиде барем на скромен одмор, да не се дели од друштвото. Ама тешко ми е на душата. Ми вели, најди ми ти работа. Како јас да му најдам на мои 60 години кога немам веќе ниту контакти како порано, ниту ништо? Му велам еве дојди во маркетот има потреба од работници. Тој дури налутено ми одговара, а не никако па како тебе цел живот да останам продавач со плата од 12.000 денари. Ах синко мој, јас на твои години те имав тебе и сестра ти, живеев во заедница, се грижев за вас двајца, ја чував баба ти која беше неподвижна и одев на работа за да имате вие. Не бирв, не се занесував и замислував знаев дека само пари ми требаат за да ве чувам вас двајца. Беше на оглас за работа во една приватна фирма на која и беше потребен шофер плата 20 илјади денари, не  му се допадна зошто цел ден ќе бил во автомобил, отиде на разговор за работа во кол-центар, по два дена доби повик дека е примен, но пак не отиде затоа што не ќе можел да слуша поплаки и проблеми....И така по цел ден си лежи и седи дома чекајќи ме мене нешто да донесам...

Се прашувам што ќе прави утре кога мене ќе ме нема, ќе гладува ли? Или ќе мора да работи?