Сине мој, не заборавај, се, се враќа во животот! И јас бев некогаш млад и силен, и мене родителите ме чекаа исто, како јас што чекам сега

“Беа и поминаа, па повторно дојдоа некои тешки времиња”- вели еден старец.

“Откако знам за себе, секогаш се живееше тешко, но беше полесно, за разлика од сега. Немавме бог знае што, но бевме задоволни со она што го имавме. Срцата ни беа полни со љубов, а луѓето меѓу себе се ценеа. Таткото беше татко, а мајката беше мајка, а детето, беше дете. А што е денеска? Мислам дека и не треба многу да зборувам, се, се знае.

Се, повеќе луѓе плачат, бидејќи за многу од нив, среќата е поим или бајка. Ако ме прашате и мене, и јас долго, долго нема почувствивано ни трошка среќа, радост и спокој. Долго време не сум се насмејал од срце”.

Да кажам за моите деца?

Добри се, да се живи и здрави! Сите тие имаат свои деца, а и свои животи. Доаѓаат некогаш да ме видат. Јас секој ден седам со часови тука до прозорецот, замислен, одлетувам, а да ме прашате каде, не би знаел да одговорам. Ама, продолжувам да гледам, и знаете ли кога ме изгрева сонце? Кога ќе ги видам лицата на моите деца... Значи, дека ретко изгрејува сонце... Ми велат дека имаат премногу обврски и дека постојано некаде брзаат.

Им велам, сине мој, запамти добро, Господ дава, а луѓето користат. Сепак тој ни оставил нешто добро, а тоа е дека сите ние сме деца и дека еден ден ќе станеме родители. Денеска сме млади, а утре стари. Денеска сме силни, а утре слаби.

Денеска здрави, а утре? Кој знае! И јас бев некогаш млад и силен. И јас бев некогаш среќен. И мене родителите ме чекаа исто, како јас што чекам сега. Затоа сине мој, не забобарај, се, се враќа во животот!