Државата има механизми да го полни фондот за пензиско. За дупката од половина милијрда евра во него, не се криви работниците.

Синдикатот на градежниците со став има инспектори нека излезат на терен и нека ги најдат сите кои не плаќаат придонеси што е на штета и на државата и на работниците. Овој синдикат не прифаќа зголемување на границата за пензионирање, дополнително велат дека такво нешто не може ниту да помине затоа што за закони од социјалната сфера мора да има соглансост од социјалните партнери.

Реакцијата на градежниците доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Заев кој отворено кажа дека дупката во фондот можеби ќе треба да се затвора со непопуларни мерки.

Споредбата со ЕУ претходно ја направи и ММФ, за градежниците таа е неприфатлива, не само заради тоа што стандардот и условите за работа не се ни приближно исти туку заради можностите за предвремено пензионирање кои постојат во сите змеји.

Споредбите со ЕУ покажуваат дека Македонците најкратко уживаат во пензионерските денови. Само 12 години земаат пензија, дали овој период ќе се скрати ќе зависи од анализата која државата ја прави со Светска банка и наскоро ќе биде готова.