SINCERITAS CBD 20% масло со целосен спектар

СИНЦЕРИТАС започна со продажба на масло од канабис со целосен спектар на македонскиот пазар. Маслото содржи 20% CBD и нема никакво психотропно дејство. Нашето масло е екстракт од зрелите цветови на растението Cannabis Sativa L, и освен присуството на највисока концентрација на CBD на пазарот, содржи мешавина и на други природни супстанци присутни во самото растение (како канабиноидите и терпените). Канабидиолот (CBD), заедно со овие природни супстанци, имаат целосен спектар на делување на ендоканабиноидниот систем во организмот и на тој начин ги враќаат нарушените физиолошки функции во нормална состојба (хомеостаза).

Што содржи граничниот производ SINCERITAS CBD 20% масло?

Состојки во една капка: 

  • Канабидиол (CBD) 10 mg

Останати состојки: 

  • канабидиварин (CBDV), 
  • канабихромен (CBC), 
  • канабигерол (CBG), 
  • канабидиолна киселина (CBGA)
  • вехикулум: масло од семе од коноп

Кои се позитивните ефекти од CBD?

Фармаколошката ефикасност на CBD досега е проучувана кај: кардиоваскуларни, невродегенеративни, малигни и метаболни нарушувања што вообичаено се поврзани со оксидативен стрес и воспаленија. CBD има докажано антиоксидативно, противвоспалително и имуносупресивно дејство.

CBD 20% маслото со целосен спектар може да има позитивни ефекти при:

  • Невролошки нарушувања како: несоница, вознемиреност, стрес, депресија, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, невропатска болка како и при одредени форми на епилепсија
  • Гадење и повраќање, особено за време на хемотерапија
  • Хронична и мускулна болка
  • Дијабетичка невропатија, дијабетес, кардиоваскуларни болести (регулирање на крвниот притисок, подобрување на работата на срцето и состојбата на крвните садови)
  • Воспалителни состојби како што се воспаление на цревата и Кронова болест
  • Автоимуни заболувања (ревматоиден артрит)

Правилна употреба на производот SINCERITAS CBD 20% масло

Производот се зема независно од оброкот, една капка 4-5 пати во текот на денот под јазик која се задржува 30 секунди пред да се проголта. Да не се надминува максималниот дневен внес од пет капки дневно, што одговара на 50 mg препорачан дневен внес. По отворањето да се чува на ладно место и да се користи во текот на два месеци.

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет е СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје, Никола Кљусев бр.11, Скопје. Повеќе информации за компанијата може да добиете на www.sinceritas.eu  

Производот е достапен во сите подобро снабдени аптеки низ државата.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.