Симптоми кои ќе ви покажат дека имате недостиг на железо

Од сите минерали на луѓето најчесто им недостига железо, но симптомите се такви што не се забележува или на нив не се обрнува внимание.

Проблемот со недостигот на железо лесно се решава.

Недостигот на железо предизвикува слабокрвност, телото не произведува доволно хемоглобин што е еден од најважните протеини во нашето, а директно е одговорен за преносот на кислород во црвените крвни клетки.

Ако се соочувате со следниве симптоми, тогаш е препорачливо да посетите лекар или да ја проверите крвната слика.

Симптоми:

– бледило на бојата на кожата

– вртоглавица

– поспаност

– слабост

– замор

– губење на апетитот

– срцебиење

– зашеметеност

– анемијата неретко води и до нерасположеност

Ниту еден од овие симптоми немојте да ги потцените. Исто така анемијата може да биде причина за сексуални дисфункции, главоболки, нервоза, заборавеност, недостиг на концентрација и лоша работна активност.

Не е неопходно да се имаат сите симптоми, кај секој човек се појавуваат други. Ако немате време да посетите лекар, внимавајте што јадете. На својата чинија ставете повеќе говедско месо, грав, ореви, овошје и зеленчук. Исто така јадете намирници богати со витамин Ц, а избегнувајте млеко и кофеин.

air max 90 essential sale