Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вчера одржа концерт во Букурешт, Романија. Тој на концертот настапи во дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.
На концертот беше поканета и Македонската фудбалска репрезентација, а на него присуствуваа и познати светски имиња.