Симон Трпчески ја подготвува својата ќерка за Детската Евровизија

Подготовките за Детската Евровизија се во тек, објави македонскиот реномиран пијанист Симон Трпчески на социјалните мрежи. 

Тој објави фотографии на кои е заедно со тимот автори кој стои позади песната која ќе не претставува на Детската Евровизија, а во изведба на ќерката на Трпчески, Лара. 

Автор на стиховите е братот на Симон, Јован Трпчески, а на фотографијата е и Лара, како и продуцентот и композитор, Дарко Димитров, во неговото студио.