Силување во Скопје: Уапсен 46-годишен маж

Вчеравечер во Скопје бил уапсен маж кој се сомничи за силување на малолетничка. 

- На 03.11.2025 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка, известија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.