Силувачот што го забремени 11-годишното девојче од Кочани, ќе добие само 12 години затвор

Најмалку 12 години затвор се пропишани за кривичното дело за кое се товари 19 годишникот од Кочани кој го извришил половиот напад врз девојчето.

Случајот ја разбранува јавноста, откако вчера беше обелоденето дека девојчето кое е на возраст од 11 години и сместено во Центарот за социјална работа во Берово, е бремено во шестиот месец.

Девојчето живеело со мајка си, која не забележала дека ќерка ѝ е бремена. Тоа го забележале вработени во училиштето што го посетувала малолетничката, по што таа била однесена на гинеколошки преглед.

Девојчето мометално е згрижено во мал групен дом. Пред две и пол недели во 22 часот вечерта, кочанската полиција го задржала деветнаесетгодишниот Е.А. поради постоење сомнеж дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило четиринаесет години.

За ова дело, казниво според членот 188 став 1 од Кривичниот законик, минималната пропишана казна е 12 години затвор.

Основното јавно обвинителство Кочани, на самиот почеток на годинава, на втори јануари, поднесе обвинение за исто вакво дело – полов напад на дете кое не наполнило 14 години и за друг случај. Во тој случај, осомничениот, инаку Виничанец, во ноември лани, намамил малолетничка помлада од 14 години, во зграда па ѝ дал пари за да молчи. Потоа, уште еднаш го повторил делото пред да биде лишен од слобода. Во овој случај, осомничениот заработи триесетдневен притвор.