Силно невреме во Скопје (видео)

Циклонот Владимир вечерва беснееше во Скопје. Обилни врнежи попладнево го зафатија главниот град. Вода по улиците тече во Кисела Вода. 

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови само за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Фото/Видео: Фактор