Силно невреме вечерва во Скопје: Откорнати дрва и прекин во напојувањето со електрична енергија

Во Скопје вечерва дува силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои го попречуваат сообраќајот. Во скопската насeлба Хром кратко време имало и премин на напојувањето со електрична енергија, а неколку населени места од Скопје сеуште се без електрична енергија. 

Град Скопје на официјалната Фејсбук страна ги предупреди граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите и да избегнуваат прошетки под дрвореди, а возилата да не ги паркираат под крошните на дрвјата.

– Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја, пишува на официјалната страна на Град Скопје на Фејсбук.

Управата за хидрометеоролошки работи најави од вечерва промена на времето со пад на температурите, дожд и снег.