Во следните 48 часа територијата на целиот Балкански Полуостров ќе биде под влијание на многу топла но исклучително нестабилна воздушна маса која ќе условува нестабилно време во сите земји од регионот и ќе условува намногу места поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.
Локално и тоа особено во делови од Босна и Херцеговина и Црна Гора процесите ќе бидат доста интензивни и затапени во форма на изразено невреме проследено со обилни поројни врнежи од дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер кој има опаснот да услови и штети како и со појава на силен град. Поради интензивните врнежи за кратко време постои опасност и од поплавувања. Во ваква ситуација на граѓаните им се советува да бидат претпазливи.
И во Македонија понатаму ќе има услови за локално невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат многу вискои и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Поради високата влажност во воздухот и спарното време истите ќе се чувстува како да се повисоки од реално измерените.
Славчо Поповски