Силно невреме доаѓа кон Македонија

Невремето кое го зафати регионот полека доаѓа и во Македонија.

Под влијание на моќниот циклон БРУНО, денес (недела), особено од пладневните часови па натаму во поголем дел од државава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон утрешниот понеделнички ден и локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2 за кратко време).

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Поради продор на значително посвеж воздух од север во текот на ноќта, кон утрешниот понеделнички ден ќе започне да дува засилен северен ветер кој ќе услови значителен пад на температурите на воздухот дури за околу 10тина степени и овој пад на истите најмногу ќе се почувствува во северната половина од државава.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени додека навечер и утре (понеделник) ќе бидат значително пониски особено на север.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штекер, а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.

Славчо Поповски