Силните луѓе не се раѓаат такви, животот ги прави силни

Да бидеш емоционално јак не значи да бидеш ладен и неспособен да имаш искрени чувства кон некој. Тоа е способност за живеење со сопствените чувства, пронаоѓање начин како да се искажат чувствата. Емоционално силните луѓе имаат силна самоконтрола и самоанализа. За нив за секој вид на однос најважна е рамнотежата. Тоа нема врска со доминација или сила. Сè се врти околу способноста за насочување на сопствените емоции и осигурување дека тие пренесуваат на луѓето околу нас на позитивен и конструктивен начин. Емоционално силните луѓе не се раѓаат такви, тие стануваат силни со вежбање на самоконтрола.

Емоционално силните луѓе се препознаваат по пет карактеристики.

  1. Мислат со своја глава: Тие се сигурни во себе и своите идеи, тие знаат колку вредат и го покажуваат тоа во својот однос кон другите. Не е лесно да влијаеш на нив да го променат своето мислење, затоа што тие знаат да размислуваат со својата глава и не се плашат да го искажат своето мислење. 

  2. Тие се самокритични: Емоционално силните луѓе не се плашат да се истражуваат себеси и она што ги движи нивните постапки и чувства. Тоа им помага да се соочат со животите предизвици и никогаш да не престанат да се подобруваат себеси. Сепак она што е многу важно е да не се биде премногу критичен кон себеси. Дозволете си себеси понекогаш да згрешите и запонете дека и вие сте луѓе со чувства.

  3. Способноста за воспоставување на значајни односи. Емоционално силната личност е онаа која во својот живот достигнала такво ниво на рамнотежа што повеќе не треба да се потпира на некој друг. Токму од таа причина е во состојба да има длабоки и трајни врски со луѓето. Емоционалната сила ви помага да можете сами да се борите, но и да не заборавите да побарате помош кога ви е потребна. Ова е најголемата сила која можете да си ја покажете на себеси.

  4. Истрајност во тешки времиња: Никому не му е лесно да поднесува разочарувања или порази, но емоционално силната личност во тие ситуации ја покажува силата која ја разликува од другите.

  5. Ги почитува чувствата на другите: Оние кои ги емоционално силни немаат потреба да ги манипулираат другите за да го добијат тоа што го сакаат. Тие кои ги поседуваат овие карактеристики можат да бидат успешни и истовремено да ги почитуваат другите и нивните чувства.

Sports News | Nike