Силните жени не сакаат да се во врска, само поради тоа што сметаат дека треба да бидат. Кога се во врска, тие сакаат да се среќни и исполнети, но и ценети и вистински сакани.

За силните жени, не е толку важно што бараат во еден маж, туку што тоа е тоа што не го бараат. Ова се неколку работи кои силните жени никогаш нема да ги толерираат во врските.

Постојани извинувања

Таа ќе даде една или неколку шанси, но кога постојано слуша извинувања и изговори, таа нема да седи и да чека тие да се повторуваат постојано. Едноставно, ќе си замине.

Непочитување и промашени ветувања

Ако и ветите дека ќе ја поминете вечерта со неа, таа ќе сака да останете на своето ветување. Да не се гледате со неа, само кога другите се зафатени. Ако и покажете дека таа не е достојна за вашето време, нема да чека предолго за да и го покажете тоа уште многу пати.  Силната жена може да прифати многу нешта, но не и тоа да биде неценета и непочитувана.

Контрола

Ќе сакате да ја контролирате? Само пробајте. Ќе и кажете дека треба да остане дома во сабота навечер додека вие сте излезени со своите пријатели, но таа нема да ве послуша. Нема да седи дома и да дозволи да ја контролирате додека вие си го живеете животот.

Неверство

Постојат жени кои ќе останат во врската и покрај неверството бидејќи не сакаат да се сами. Но, не и силната жена. Таа ќе остане во една врска само ако има среќа и љубов во врската, не само поради тоа што мисли дека мора за да не биде сама.

Љубомора

Силната жена е убаво нешто, но таа понекогаш може да направи еден маж да биде љубоморен. За некои мажи е навистина тешко да и веруваат на една жена поради многу причини, но постојаните љубоморни испади нема да бидат толерирани од оваа жена.

Нељубезност

Силната жена никогаш нема да посака да остане со маж кој е суров, груб и нељубезен. Дури и кога тој е добар кон неа, но таков кон другите, таа нема да може да го поднесе тоа.