Силната жена нема да ти црта – таа ќе те прецрта

Ме изненади тој женски инает.

Поцврст од камен, поголем од планина, поистраен од упорност. Нивниот инает најчесто се буди откако ќе бидат разочарани и во тие моменти тие ве бришат комплетно и неповратно.

Можете да им се јавувате колку сакате, тие нема да ве сметаат за жив.

Што и да правите, нема да бидете ист во нивните очи, нивната глава и нивното срце.

Ќе ве избришат како никогаш да не сте постоеле, а некогаш сте биле смислата на нивното постоење.

Да, луѓето не се мали букви на хартија па да ги бришеш со гума, но некои луѓе се големи ѓубриња, а сите знаеме каде им е местото. Во кантата за ѓубре. Ќе се ослободиш од нив и ќе почувствуваш олеснување. Полесно дишеш. Не ти паѓа напамет повторно да ја правиш истата грешка.

Уживаш во самотијата од која со години си бегал, велејќи дека осаменоста е пекол.

Но, не е така. Одредени луѓе се пекол. Да се биде сам не е срамота, но да се биде со кој било – е.

И баш од тие причини, опасно е да разочараш жена.

Ќе мислиш дека се претворила во чудовиште и бесчувствителен монструм – но тоа е погрешно.

Таа умее да сака. Може да понуди безусловна љубов и да го вложи последниот атом од силата во таа љубов.

Но, нема да го направи тоа.

Ќе го прифати оној кој ќе го направи истото за неа.