Силна бучава ги исплаши скопјани оваа вечер

Силен огномет ги исплаши вечерва жителите на скопската општина Карпош. Од противпожарната единица на Скопје изјавија дека се работи за огномет организиран од Прокредит банка, која вечерва имала прослава кај Сити Мол во Карпош 4. За прославата вечерва беа затворени и улици околу трговскиот центар.

Повеќе граѓани се јавија во нашата редакција барајќи информација за што станува збор, со оглед на тоа што огнометот траеше половина час и беше многу силен. Некои од станарите се симнале пред влезовите на зградите исплашени од бучавата.