Сиљановска-Давкова: Вапцањето јајца е симбол на надеж, живот и семејна сплотеност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати велигденска порака во која повика на мир, надеж и заедништво, нагласувајќи ја симболиката на традиционалното вапцање јајца во пресрет на празникот.

Таа истакна дека овој обичај има длабоко значење, не само како традиција, туку и како момент на семејна блискост и духовна подготовка.

„Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник. Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“, порача претседателката.

Во објава на социјалните мрежи, Сиљановска-Давкова посочи дека велигденските обичаи носат силна порака за обновување и вера.

„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува“, напиша таа.