
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчера им го врачи признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери, на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид.
Годинашните добитници на признанието „Инженерски прстен“ се:
За претседателката, „Инженерскиот прстен“ е потврда дека умот, трудот, стручноста и професионалноста, не само што се препознаваат, гледаат и ценат, туку и се наградуваат и слават.

За неа, најдобрите и најуспешните студенти во инженерските науки не персонифицираат само исклучителен индивидуален, академски успех, туку се непроценлив социјален капитал на државата.
„Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги идентификуваме и навреме и соодветно да ги вреднуваме и да им овозможиме својот професионален потенцијал да го реализираат дома, се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, како и економскиот капацитет и развој, на државата“, рече Сиљановска-Давкова.
Таа укажа дека сме изнедриле и расеале низ светот многу генерации талентирани инженери со докажано знаење, професионален интегритет и дигнитет и со креативен потенцијал за технолошки натпревар.
Според неа, од нашата решеност и способност да ги задржиме најдобрите, зависи македонската иднина.
„Инженерски прстен“ се доделува по 23. пат, а со ова признание се закитиле вкупно 257 инженери.