Силен земјотрес во Грција, ја потресе и Македонија

Неколку земјотреси Ноќеска ја потресоа јужна Грција. Првиот потрес бил регистриран половина час по полноќ со јачина од 5,1 степен, а најсилниот бил неколку минути пред еден часот рано утрово, со интензитет од 6,8 степени.

Епицентарот на земјотресите е на педесетина километри југозападно од Закинтос на длабочина од 10 и 12 километри.

Како што пренесуваат грчките медиуми поради потресот има прекин во снабдувањето со електрична енергија, имало материјални штети, а исплашените жители излегле на улиците.