Силен земјотрес го погоди Загреб, загина 15-годишно дете

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри.

Вторичниот земјотрес се случи во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала, јави Хина.

Последните вести кои ги пренесе порталот Индекс велат дека 15-годишно дете е првата жртва во земјотресот. По дојава дека е срушена зграда интервенирана Итната помош. Детето било пренесно на Клиниката за детски болести, каде е констатирана смртта.