Силбо по судски пат ќе го решава проблемот со објектот во ТЦ Бисер

По вчерашната реакција на органите кои управуваат со ТЦ Бисер, денес стигна соопштение од сопствениците на објектот кој е бесправно изграден. 

КСТ Македонија и фурна Силбо како деловни партнери ги известуваат медиумите дека поседуваат елаборат кој е заверен и одобрен од Секторот за урбанизам на Град Скопје за поставување на урбана опрема, односно тераса кој соодвествува со моменталната фактичка состојба на терасата, проверен со инспекцискиот надзор кој е извршен од Општина Аеродром на ден 17.07 2018 год. Со архивски бр: ИПЛ 29-210 со кој е констатирано дека нема отстапување од елаборатот заверен и одобрен од Град Скопје со архивски бр: 13-7/483 од 14.05 2018 година, се вели во соопштението. 

Откако се платени сите обврски кон Град Скопје, терасата е поставена и во неа се инвестирани големи финансиски средства.

Понатаму тие додаваат дека поради, за нив не познати причини, доаѓа до промена на елаборатот од страна на Град Скопје и е донесено решение за отстранување на ново произлезените недостатоци, од таму произлегува и недоразбирањето. 

И покрај неправдата и штетата која ни е нанесена со менувањето на елаборатот од страна на Град Скопје ние се соогласивме да направиме корекции и да се усогласиме со ново издадениот елаборат, но периодот за усогласување кој ни е даден во Решението е премногу краток па затоа ќе  поднесеме барање за продолжување на тој рок, велат сопствениците на објектот. 

Ги известуваме медиумите дека ние сме единствените кои поседуваат елаборат и дозвола за поставување на урбана опрема односно тераса со уредно платени давачки кон државата во тој трговски центар, со кои раководи здружение составено од 9 (девет) член управен одбор кое ги застапува интересите на мала грпа поединци.  

Исто така ве известуваме дека против истото ова здружение КСТ Македонија преку овластен адвокат води судски спор од јануари 2017 година за, според нас овозможување на насилно рушење на претходно поставената тераса со тоа што му ја издале на трето лице кое не е сопственик на локал пред тераса, за што сметаме дека не биле надлежни затоа што просторот кој го издале на истото трето лице е сопственост на Република Македонија по имотен лист, се вели на крајот од соопштението.