„Си има една богата за сигурно, а меѓувреме си се забавува со други“

Ќе речете најчесто жените се оние кои трчаат по богати момци, но постои опасна група мажи магнет за татините миленички и осамени богати госпоѓи.

Оваа група мажи  ќе си начекаат размазена девојка со многу пари, бесна кола…по некое време нормално почнува да позајмува пари, кола како да е се негово ….бидејќи сето ова е од “љубов“. Дел од овие мажи едноствно се такви, а дел од нив „макат“ ги натерала така да се однесуваат и живеат.

Ги прашавме скопјани што мислат има ли машки спонзоруши низ градов:

Дарко (33 години), Карпош

Да има, искрено јас не барам богати девојки едносатвно они сами си доаѓаат. Очигледно магнет сум за таа целна група. Мојот изглед, став, појава ги привлекува. Парите не може среќен да те направат, но битен фактор се во животот. Ако ги нема почуваат кавгите. Доволно е малку пари за преживување и многу љубов за да ти биде убаво во животот.

Петар (23 години), Ченто

Имам другар кој лови богаташки. Во моментов има врска со една дејвока која може да си дозволи се, тој е тотално незаинтересиран за нејзе, што очигледно ја натерало девојката да се затреска во него. Си има една богата за сиугрно, а меѓувреме си се забавува со други.

Илија (34 години), Лисиче

Познавам една мајка која на својот син му ја прекина долгогодишната врска велејќи му „Раскини и на таа сиромашна девојка од љубов не се живее“. Дечкото се противеше, но на крајот потклекна под заканите дека ќе остане без семејството ако продолжи со нејзе, стана очаен, разочаран, почна да пие... по неколку години повторно си ја побара девојката го напушти семејството. Денес е среќен и има две дечиња.

Марко (30 години), Хром

Верувам дека има, но ако тоа ги прави среќни во животот нека си тераат. За мене само љубовта е таа најбитната без нејзе си ништо нула, кога ќе има љубов ќе има и разбирање заедно ќе се бориш со сите препреки во животот.