Шутка повторно остана без јавен превоз

Од вчера Шуто Оризари повторно остана без јавен превоз, објави градоначалникот на општината Курто Дудуш. 

- Граѓаните на минусни температури повторно со часови на автобуските постројки! ЈСП - Град Скопје доколку се снајдам и обезбедам превоз за моите сограѓани и за тоа ли ќе ме обвините за незаконско вршење на превоз на патници? Со измислени фактички ситуации, извртувања на надлежностите, мандатни казни од 3 х 53000€, мислите дека ќе не замолчите како заедница? - праша Дудуш на својот Фејсбук профил. 

Срам - неспособност -дискриминација, додаде тој.