
Шумски техничар во „Национални шуми“ бил нападнат од едно лице кое оштетило и врата од „Шумската куќа“ во село Почивало.
- На 16.01.2026 во 20:24 часот во СВР Штип, А.С.(59) од село Почивало, штипско, пријави дека околу 19:00 часот во „Шумската куќа“ во село Почивало, додека извршувал работни задачи како шумски техничар во „Национални шуми“, бил физички нападнат од Ф.У.(31) од село Почивало, кој ја оштетил и влезната врата од објектот, соопштија од МВР.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.