„Штркот носи сѐ помалку бебиња во Македонија“ - Ова не се само статистики, ова е нашата иднина

Алармот во земјава вклучен - Податоците велат дека Макеоднија има најмал број на новородени деца во последната деценија!

Во 2024 година се регистрирани само 16.061 живородени деца во Македонија, што значи намалување од 4.0% споредено со 2023.

Веста за намалениот наталитет е опасна за македонска демографија, коментираат експертите од оваа област. 

Според Државниот завод за статистика просечната возраст на мајките при прво дете е 28.2 години.

31.8% од мајките имаат помеѓу 25 и 29 години, 11.5% од децата се родени надвор од брак, а 12 живородени деца од мајки под 15 години. 

- Ова не се само статистики – ова се индикатори за длабоки општествени и културни трансформации: стравови, несигурност, приоритети и вредности. Што ни кажуваат овие бројки за нашите семејства и иднината на општеството Што можеме сите да направиме за да го вратиме семејството и децата во центарот на социјалните и политичките приоритети?, коментираат од Институтот за семејни студии. 

Граѓаните, исто така, со бурни реакции за овие податоци!

- Од 31 421 живородени деца во 1994та година 16 061 живородено дете во 2024та година. Македонија умира, тивко но полека. „Џабе формула 1 патеки, џабе Google, џабе пензии поголеми за 40 евра, џабе голем минималец од 400 евра. " Со ова темпо на намалување на населението, крајот ни е близу. Или свестете се, или ќе не нема, коментира граѓанин.