ШТРАЈК НА СОНК: За учениците летен распуст со ден плус

Синдикатот за образование ќе им го продолжи летниот распуст на учениците најмалку за еден ден.

Како што соопштуваат од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), по долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, а под притисок на членството донесле одлука на 2 септември, кога почнува новата учебна година да стапи во предупредувачки штрајк.

Оваа изјава од СОНК ја објави порталот Работник.