Дали ве мачи прашањето каде е подобро за живеење, во стан или во куќа?

Некои велат дека малите станови се идеално место за живеење, а за некои пак големите куќи се единствено решение.

Некој не може да се замисли себе си да живее во стан, велејќи дека се чувствува како да е во затвор.

Ако живееш во зграда, тогаш со сигурност се сложуувате со овие 10 факти, кои се карактеристични за таквата живеачка:

  1. Секогаш знаеш што имаат за  јадење соседите, почнувајќи од питата со праз за појадок, па се до гравот за ручек.
  2. Кога имате повеќе гости, столчињата секогаш ги позајмувате од соседите.
  3. Имате млади соседи, кои обожаваат да пуштаат гласна музика. Секојдновно се прават забави.
  4. Соседите над вас имаат мали, палави деца кои трчат 24 часа во денот. Имате чувство како вие да ги чувате. Знаете кога легнуваат, кога стануваат, кога си играат.
  5. Ги слушате сексуалните односи, особено ако имате некои “постраствени” соседи.
  6. На кафе кај соседите си одите во собни папучи, а некогаш и во пижами.
  7. Никој не сака да ја смени сијалицата во ходникот. Ги чекаме соседите тие први тоа да го сторат, зошто па ние...
  8. Понекогш доаѓа и до караница, зошто соседот до нас сметот го остава пред врата или го фрла од тераса.
  9. Кога и да затреба нешто, дали добро или лошо, соседите се први.
  10. Кога ќе се направи нешто вкусно, кифлички, торта или колачи, секогаш им носиме на соседите, а тие пак никогаш не ги ја враќаат чинијата празна.