Што значи да се ставите себеси на прво место и што се случува кога не го правите тоа?

Можно е да се биде предобар, предарежлив и прегрижлив. За да ја надминете депресијата морате да престанете да се трудите да го добиете одобрувањето од луѓето.

Да, тоа е полесно да се каже отколку да се направи, но никој не рече дека ова ќе биде лесно. Луѓето кои се депресивни имаат тенденција да им угодуваат на другите. Иронијата е во тоа што често нивните дела се окарактеризирани како себични од страна на луѓето. Повеќе од три децении верував дека сум себичен. Бев уверен дека немам што да понудам. Мислев дека не е важно што мислам и дека моето мислење е помалку важно од кое било друго мислење. Ми изгледаше како отсекогаш да живејам нечиј туѓ живот.

Конечно, по два мозочни удари предизвикани од обид за самоубиство, престанав да живејам туѓи животи и погледнав длабоко во себе.

Бев дете кое беше „премладо за да ги разбере работите“, а со тоа и да носи одлуки. Мојот живот го одредуваат возрасните кои не гледаа колкава штета прават изреките од типот: „Децата треба да се гледаат, а не да се слушаат.“

Потоа пораснав и се дружев со секој човек кој ќе најдеше нешто интересно во мене. Во тоа време мислев дека мојата вредност е само во очите на другите. Тоа не бев јас. Не бев она што сум. Бев „роб“ на секој кој сакаше да ме има во својот живот.

Стравот од одбивање секогаш ги управуваше моите мисли и ги насочуваше во насока која водеше кон тоа другите да имаат повеќе корист. Колку е исцрпувачки постојано да им давате предност на другите и себеси да се поставувате на второ место. И малку сте наградени за тоа...

И сето тоа само за да се заваруваме дека некој се грижи со нас, барем доволно за да нѐ толерира некое време. Додека не се умори. Што се случува кога ќе се случи неизбежното и кога ќе си отиде. Можете да се обвинувате себеси, секако.

Свесно или потсвесно, вашата самодоверба која и онака е ниска, се руши со брзина на светлината и станувате уште подепресивни. Сигурно сте ја чуле изреката: „Вие ги очите луѓето како да се однесуваат кон вас“, но цело време сте ја игнорирале. Можеби затоа што секојпат кога сте се обидувале да се изборите за себе сте биле одбиени. Можеби ви дошло преку глава, па конечно сте им го кажале на другите она што требало да го чујат, а тие ве етикетирале како агресивна и непристојна личност.

Ама кому е грижа за тоа што мислат или зборат другите? Дозволете да ве потсетам – тоа не би требало да бидете вие. Постои една личност на целиот свет чие мислење треба да ви е важно – а тоа сте вие и само вие. Постои само една личност на овој свет на која треба да ѝ удоволувате – а тоа сте вие.

Запомнете го ова: ако премногу се грижите – другите премалку ќе се грижат. Ако бидете премногу достапни, другите секогаш ќе останат презафатени за вас.

Без какви било извинувања, луѓето секогаш ќе дозволат да ги чекате, а поради тоа имате чувство дека вашето време не е ни приближно вредно како нивното.

Сигурно ќе наидете на отпор во моментот кога ќе ги воведете промените, но тоа е во ред. Ќе видите збунетост и неверување на нивните лица. Возвратете го погледот без да трепнете. Бидете подготвени и соочете се со последиците, имајте храброст и направете го тоа што е добро за вас.

Дознајте кои се вашите потреби и желби и бидете незапирливи при нивното исполнување. Покажете им дека сте сериозни. Откажете се од вината. Целосно.

Ставете се себеси на прво место. Одважете се. Бидете спонтани. Научете да бидете свои во секоја ситуација и во секое друштво. Така ќе почнете да се сакате себеси.